БРИСЕЛ ВО СТРАВ: Поради можен терористички напад највисоко ниво на безбедност
Како дел од мерките за зголемена безбедност во Брисел, властите го затворија метрото во градот.
Властите го предупредуваат населението да избегнуваат да се собираат во големи групи на луѓе поради „сериозен и заканувачки“ терористички напад.
Денес нивото на терористичка закана во главниот град на Белгија, Брисел беше зголемено до максимален степен.
„Советот за јавноста е по можност, да се избегнуваат местата каде што се собираат многу луѓе, како трговски центри, концерти, настани или постојки на јавниот транспорт“, изјавил портпаролот на владиниот кризен центар. Тој не конкретизирал што е причината за преземените мерки.
Слично
