Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел ветува 5 права за Европејците по Брегзит

Брисел ветува 5 права за Европејците по Брегзит

Европската унија ќе се обиде да договори 5 права на европските граѓани, кои ќе останат да живеат во Велика Британија, откако таа ќе  ја напушти заедницата. 

Ова го соопшти главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, кој зборува за прв пат од ноември на пленарната сесија на Комитетот на регионите во Брисел.

ЕУ планира да ги стави на преговарачка маса условите за добивање на право на престој, на работа, на пристап до социјалните и пензиски системи и на едукација. Целта е да се договорат еднакви услови за Европејците кои живеат во Велика Британија, како и оние за британските државјани во Европа.

„Долгорочното гарантирање на оние права ќе биде апсолутен приоритет во преговорите, при што граѓаните ќе бидат на прво место"- вети Барние.

Основните принципи за постигнување на согласност се континуитет на правата, реципроцитет и недискриминација.

Слично

Поврзани вести