Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел пушти пакет мерки за зајакнување на банките

Брисел пушти пакет мерки за зајакнување на банките

Европската комисија претстави сеопфатен пакет на реформи за понатамошно зајакнување на отпорноста на банките во Европската унија. Пакетот мерки ги надградува важечките банкарски правила во ЕУ и ја дополнува посткризната законодавна програма, обезбедувајќи дека нормативната база ги опфаќа преостанатите предизвици за финансиската стабилност, како и дека банките се во можност да продолжат да ја поддржуваат реалната економија.

Со предлозите се внесуваат измени во регулативата за капиталните барања и Директивата за капитални барања, кои ги дефинираат пруденциалните барања за кредитните институции и инвестициските посредници, како и правила за управување и надзор, како и во Директивата за обнова и реконструкција на банките и Регулативата на Единствениот механизам за реструктуирање, со кои се дефинираат правилата за обновата и реструктуирање на проблематичните институции и создавање на единствен механизам за реструктуирање.

„Европа има потреба од силен и разновиден банкарски сектор во однос на потребите од финансирање на економијата. Имаме потреба од банкарски кредити за да може претпријатијата да инвестираат, да ја задржат својата конкурентност и да продаваат на поголеми пазари, како и за да може домаќинствата да се планира напред.

„Денес презентираме нови предлози за намалување на ризикот, кои се базираат на договорените меѓународни стандарди, а истовремено се земат предвид специфичните карактеристики на европскиот банкарски сектор“, изјави заменик-претседателот на ЕК Валдис Домбровскис, кој е одговорен за финансиската стабилност, финансиските услуги и Унијата на пазарите на капитал.

Слично

Поврзани вести