Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел предлага продолжување на граничната контрола

Брисел предлага продолжување на граничната контрола

Европската комисија најверојатно ќе предложи продолжување на граничната контрола во Шенген зоната за уште половина година, пренесоа светските агенции.

Тие го цитираат портпаролот на ЕК кој спомена за постоечките слабости во способностите на Грција да управува со своите граници.

Неколку земји од Шенгенот воведоа внатрешни проверки на своите граници за да го запрат протокот на мигранти по доаѓањето на стотици илјади мигранти и бегалци минатата година.

Проверките на ЕУ во ноември покажаа сериозни недостатоци и слабости во Грција, чија граница со Турција е надворешна граница на Шенген зоната. ЕУ и даде на Атина рок до 12 мај, за да ги реши проблемите. Ако тоа не се случи, ЕК ќе предложи вантрешно-шенгенската гранична контрола да може да продолжи да дејствува уште две години.

ЕК треба да ја претстави последната официјална проценка на ситуацијата во средата. Германија и пет други земји побараа граничните проверки да продолжат уште шест месеци.

Слично

Поврзани вести