Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел останува под тревога до понеделник

Брисел останува под тревога до понеделник

Четврти ден Брисел е под целосна опсада.

Метрото, училиштата и универзитетите остануваат затворени.

Премиерот Шарл Мишел ветува дека од средата работите ќе почнат да се нормализираат, соопштуваат локални медиуми.

До понеделник (30.11) останува вонредната состојба во европската престолнина.

Ново е дека властите немаат воени сили надвор од Брисел, што можеби значи дека најбараниот терорист осми од атентатите во Париз, веќе не е во градот.

Граѓаните на Брисел се лути и нервозни од ситуацијата во која целиот град е под опсада, поради потрагата на еден човек.

Во операциите за последните 36 часа во Брисел се уапсени 21 лица, 17 од нив веќе се ослободени, а против еден е покренато обвинение за поврзаност со нападите во француската престолнина.

Слично

Поврзани вести