БРИСЕЛ: Неонацисти прават нереди на улиците, полицијата возвраќа со водени топови
Белгиската полиција употреби водени топови за да ja растера голема група демонстранти кои се собраа на централниот плоштад во Брисел, каде граѓаните им оддаваат почит на жртвите на терористичкиот напад во белгиската престолнина.
На бриселскиот плоштад дошле и мажи во црна облека и качунки, кои извикувале слогани и носеле транспаренти против Исламска држава.
Наонацистите потоа направија нереди во околните улички во центарот на градот за подоцна да бидат растурени со интервенција на полицијата.
Маршот беше прекинат кога полицијата принудено интервенираше за да ја спречи ескалацијата на состојбите поради провокациите кои неопнацистите ги испраќаа кон жените муслиманки присутни на маршот.
Слично


