Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел ќе им ги замрзне сметките на Путин и Лавров, тие се сега на црната листа

Брисел ќе им ги замрзне сметките на Путин и Лавров, тие се сега  на црната листа

Рускиот претседател Владимир Питин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров се најдоа на црната листа на Европската унија. Брисел донесе одлука да им ги замрзе финансиските средства како дел од новиот сет санкции кон Русија.

Но, и покрај замрзнатите средствата Путин и на Лавров нема да добијат забрана за патување. 

„Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, немаат банкарски сметки во странство“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Новите санкции од ЕУ кон Русија освен што вклучуваат листа од имиња на руски олигарски и политичари опфатија и неколку други области. Овие мерки се преземени поради инвазијата на Украина, со која Русија започна вчера.

Слично

Поврзани вести