Брисел ќе предложи нова шема за прераспределба на 200 илјади бегалци догодина
Брисел ќе предложи нова шема за прераспределба на бегалците од почетокот на следната година. Таа може да опфати околу 200 илјади луѓе од камповите во Турција, Либан и Јордан.
Европската комисија планира да предложи „структурна паневропска шема за преселување“ во март како дел од реформите за запирање на протокот на луѓе од Турција и околните земји во Европската унија (ЕУ).
Преразпределените се гледаат како дел од договорот со Турција, која ЕУ се надева да ги убеди да играат поголема улога во запирањето на протокот на мигранти кон Европа.
Канцеларката на Германија, Ангела Меркел се сретнала со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во неделата. Таа му ветила дека нејзината влада ќе им помогне да се обноват преговорите за членство на Турција во ЕУ во замена за помош од Анкара за запирањето на приливот на мигранти кон Европа.
„Германија е подготвена оваа година да ја отвори Главата 17 и да утврди критериуми за 23 и 24“, коментирала Меркел на прес-конференција со премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу.
Турција е кандидат за член на ЕУ од 1999 година. Земјата ги отвори само 14 од 35 поглавја, бидејќи преговорите започнале во 2005 година. Затворена е само една глава од преговорите.
Пакетот на ЕУ за Турција, договорен на самитот во Брисел минатата недела, изгледа прилично очајно, наведува весникот. Меркел сепак застанала на афирмацијата на листата со посебни барања на Турција, вклучувајќи го олеснувањето на визниот режим за турските граѓани од следното лето и промена во ставот на ЕУ во врска со ерменското прашање, дефинирано од историчарите како првиот геноцид на дваесеттиот век.
Во минатата недела земјите-членки на ЕУ и ветија на Турција 3 милијарди евра, за да се справи со речиси 2,5 милиони бегалци, претежно од соседна Сирија. Во камповите во Либан пак бројот на бегалците веќе достигнува една третина од населението на земјата.
Повеќе од 600 илјади мигранти влегле во ЕУ од почетокот на годината, покажуваат податоците на ОН.
