Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел ќе истражува: Како се случи Европјаните да јадат коњско месо!

Брисел ќе истражува: Како се случи Европјаните да јадат коњско месо!

Европската унија во текот на оваа седмица ќе одржи состанок во Бисел за смрзнатото коњско месо што во продавниците се продаваше како говедско, најави министерот за земјоделство на Франција, Стефан Ле Фол.

Претходно експертите посочија дека резултатите од француската истрага за тоа како овие производи пристигнале до продавниците ќе бидат објавени во среда или најдоцна до четврток.

Во петокот, британската Влада нареди сите производи од преработено говедско месо кое се продаваат во земјата да бидат тестирани. Скандалот со коњското месо досега најмногу ја погоди Ирска, Велика Британија, Франција и Полска.

Слично

Поврзани вести