Брисел ja отфрли руско комерцијалната понуда ЕУ-Русија-Украина
Брисел го отфрлил "рускиот предлог" за подобрување на трговските односи меѓу ЕУ, Русија и Украина, пишува германскиот весник "Шпигел", повикувајќи се на извори во Европската комисија.
"Тајниот предлог" на Москва, што е од 52 страници, е предаден на Брисел во време кога односите меѓу ЕУ и Русија се на најниско ниво веќе неколку месеци и е обид да се спасат руските економски интереси по влегувањето во сила на Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина, пишува весникот.
Предлогот наложува мерки за еднострано поврзување со Украина и ЕУ и поради тоа е одбиен, изјави извор за списанието, додавајќи дека предложениот трилатерален договор значи да се "закопа" договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина и затоа Брисел го гледа како "бесмислен".
Спогодбата за трговија меѓу ЕУ и Украина ќе почне да делува целосно од 1 јануари 2016 година.
Според списанието предлогот на Москва вклучува листа од 30 руски претпријатија регистрирани во Крим.
"Ако ЕУ го прифати предлогот, тоа ќе значи прв чекор кон формално признавање на анексија на Крим од Русија", пишува во заклучокот "Шпигел".
