Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел го врза “Јужен поток” со ставот на Русија за Украина

Брисел го врза “Јужен поток” со ставот на Русија за Украина
Перспективите на проектот "Јужен поток" зависат од позицијата на Русија со Украина. Ова за германскиот Frankfurter Allgemeine Zeitung го вели комесарот за енергија Гинтер Јотингер, соопшти ИТАР-ТАСС. Според него реализацијата на проектот се одолговлекува, бидејќи Русија, прво, "не ги прифаќа европските инструкции" во енергетската сфера, и второ, "кризата во Украина се одразува на сè". "Ќе ги продолжиме преговорите, ако руските партнери се вратат кон нормите на меѓународното право и пројават подготвеност за конструктивна соработка врз основа на нашето енергетско право", вели тој. "Јужен поток" е глобален инфраструктурен проект на рускиот "Газпром" за изградба на гасовод со капацитет 63 милијарди кубни метри во акваторија на Црното Море кон Јужна и Централна Европа. Москва се стреми преку него да ги разграни маршутите за извоз на природен гас, избегнувајќи ги ризиците поврзани со транзитот. Сепак, Европската комисија стравува дека со проектот значително ќе се прошири влијанието на Русија во Европа. Минатата есен Европската комисија започна истрага против "Јужен поток", бидејќи според нејзината оценка проектот е во спротивност со нормите на "третиот енергетски пакет" на ЕУ. Договорите на Москва со европските земји вклучени во проектот, сепак се потпишани, уште пред да стапи во сила "третиот пакет", посочува руската агенција.  
Слично

Поврзани вести