Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРИСЕЛ: Две експлозии во муслимански кварт, се бараат терористите

БРИСЕЛ: Две експлозии во муслимански кварт, се бараат терористите
Две експлозии одекнале во муслимански кварт во Брисел, каде полицијата трага по терористите од нападите во Париз. CNN наведува дека се работи за контролирани експлозии кои ги предизвикала полицијата, но за сега потврда нема, а потрагата е завршена. Терористот кој се смета дека е „главниот мозок” на нападите во Париз се уште е на слобода. Полициската рација беше извршена во Моленбек, место кое  се смета за легло на радикалните исламисти. Овој сиромашен округ стана центар на истрага за терористичките напади во Париз, откако беше објавено дека двајца од напаѓачите живееле таму.
Слично

Поврзани вести