Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брисел бара од Германија да ги зголеми платите

Брисел бара од Германија да ги зголеми платите
Зголемувањето на платите во Германија е неопходно, за најмоќната европска економија да им помогне на своите соседи кои имаат проблеми, смета Европската комисија. „ЕК смета дека Германија треба да ги зголеми јавните инвестиции, да ја стимулира понудата и да го намали својот висок трговски вишок бидејќи сите тие прават штета кај нејзините европски соседи. За таа цел неопходна е промена на политиката на платите”, вели европскиот комесар задолжен за социјални работи Ласло Андор. Германија води политика на ниски плати веќе со години и тоа е одлучувачки фактор за компетитивноста на фирмите. Но, противниците на оваа политика мислат дека зголемените плати во Германија би го корегирале диференцијалот на компетитивноста и би ја стимулирале куповната моќ на земјата која е најголемиот пазар во оваа зона. Воведувањето минимална плата во Германија, на иницијатива на социјал-демократите, треба да стапи на сила на 1 јануари 2015 година. Сепак, поттикнувањата за раст на платите тешко дека ќе се реализираат по најновите информации дека германската економија влезе во зоната на негативен економски раст, забележувајќи пад од 0,2% во последниот квартал.
Слично

Поврзани вести