БРИКС ќе си формира нова банка, противтежа на Светска банка и ММФ!
Со резервен фонд од 100 милијарди долари, организацијата БРИКС која ги обединува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, си формираше нова банка за развој, како противтежа на западниот финансиски систем.
На состанокот на лидерите на овие земји во Бразил било дговорено банката да е со седиште во Шангај, а првиот претседател да биде од Индија.
Банката, која ќе работи под името Нова банка за развој, е замислена како пандан на Светска банка и ММФ, глобалните финансиски институции кои се под доминација на САД и ЕУ.
Со резервниот фонд од 100 милијарди долари е предвидено банката да им помага на земјите да се справуваат со краткорочните проблеми со ликвидност.
Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка се обединија во групата БРИКС во 2009 година. Од тогаш нивното влијание во светската економија е значително зголемено и во моментот тоа се земји во кои живее половината од светското население и кои произведуваат околу една петина од вкупниот глобален производ.
Слично
