Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Brexit“ и влез на Турција во ЕУ – најлошото сценарио за Европа?

„Brexit“ и влез на Турција во ЕУ – најлошото сценарио за Европа?

Излегувањето на Британија од ЕУ и влезот на Турција во неа се најлошите сценарија за европското општество.

Ова го изјавил поранешниот претседател и лидер на Републиканската партија на Франција Никола Саркози во интервју за „Монд“

„Јас сум децидно против излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Најлош збир на околности ќе биде „Brexit“ и влез на Турција во унијата. Би направиле огромна грешка“, вели конзервативецот.

Саркози е скептичен и за миграцискиот договор меѓу ЕУ и Турција.

„Беше погрешно да претпоставуваме дека Турција е способна да се справи со овие проблеми на долг рок. Може ли Европа да им се довери на турските власти, кои се повеќе еволуираат во авторитарен режим. Се сомневам“, изјави поранешниот претседател на Франција.

Слично

Поврзани вести