Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бренсон му објавува војна на Слим – влегува во мексиканскиот пазар на мобилна телефонија

Бренсон му објавува војна на Слим – влегува во  мексиканскиот пазар на мобилна телефонија
Ричард Бренсон одлучи да му стане конкуренција на најбогатиот човек на светот, Карлос Слим, и тоа на „гостински терен“ – мексиканскиот пазар на мобилна телефонија. Британскиот милијардер и првиот човек на “Вирџин“ веќе е присутен во Латинска Америка со својот бренд “Вирџин мобајл“ преку компанијата која во 2010 година ја основаше со поддршка на неколку силни инвеститори и поранешниот шеф на шпанската “Телефоника“. Сепак, некои законски одредби го ограничија само на Чиле и Колумбија. Годинава, откако се измени законот за телекомуникации во Мексико, заштитената положба на Слимовиот “Америка Мовајл“ ќе биде послаб. Конгресот речиси едногласно ја изгласа измената со која се ограничува можноста за поединечно улество на пзарот на 50 отсто, со што Слим наскоро ќе биде принуден да продаде дел од својата актива. Власта го повлече овој потег најмногу поради проценката за немање сериозна конкуренција на овој пазар, што државата годишно ја чини повеќе од 25 милијарди долари. Но, тоа не значи дека неговиот “Телсел“ ќе биде лесен “залак“ за Бренсон, кој пак, ќе има задача да се бори со гигантската мрежа која моментално покрива повеќе од две третини од 100 милионските корисници на мобилна телефонија во Мексико. Компанијата за фиксна телефонија на Слим покрива 80 отсто од телефонскиот сообраќај во земјата.  
Слично

Поврзани вести