(ВИДЕО) БРЕМЕНА ПРАТЕНИЧКА ДОБИВА ШАМАРИ И УДАР ВО СТОМАКОТ ОД ДВАЈЦА КОЛЕГИ: Жестока расправа за буџетот
Двајца опозициски пратеници во Сенегал се осудени на шест
месеци затвор бидејќи ја удриле бремената колешка Ејми Ндијаје во стомакот за
време на расправа за буџетот. Судијата, исто така, им нареди на Мамаду Нианг и
Масати Самба да им платат на пратениците на Ндијаје пет милиони франци (8.100
американски долари) како отштета.
Пратениците ја нападнаа Ндијаје откако таа критикуваше опозициска верска личност, а инцидентот, кој се случи на 1 декември, наиде на широка осуда и предизвика дебата за правата на жените. На видеото кое стана вирално, се гледа како Самба оди кон Ндијаје и и удира шамари за време на дебатата за буџетот.
Ндијаје е член на владејачката коалиција
Ндијаје возвраќа со фрлање столица, но во исто време добива тупаница во стомакот од друг машки колега. Потоа избувнува метеж додека другите пратеници се обидуваат да ја смират ситуацијата. Ндијаје, која е член на владејачката коалиција Бено Бок Јакаар, се онесвести во парламентот по нападот и се стравуваше дека го изгубила бебето.
Нејзиниот адвокат Бабукар Сисе изјави за новинската агенција АФП дека таа „се уште е во исклучително тешка ситуација“, и покрај тоа што е пуштена од болница. Иако има снимка, адвокатите на Нианг и Самбо на суд тврдеа дека нивните клиенти физички не ја нападнале нивната колешка, пишува Би-Би-Си.
Адвокатите на обвинетите претставници на опозицијата тврдеа дека нивните клиенти имаат пратенички имунитет. „Тие ќе останат во затвор во очекување на жалба“, изјави еден од нивните адвокати за Франс прес. Инаку, во парламентот на Сенегал владее тензија откако владата го загуби мнозинството на парламентарните избори во јули минатата година.
ФОТО: Print Sceen/BBC
