Брегзит може да ја преплави Британија со мигранти
Граничните односи меѓу Велика Британија и земјите од ЕУ ќе бидат разгледани.
Излегувањето од ЕУ може да предизвика имиграциски криза во Велика Британија. По британскиот референдум, Франција изјави дека веќе нема да го чува грбот на оваа земја која ја напушта унијата.
Темата беше актуелизирана прво од властите во северниот дел на Франција, Нор-Па де Кале. Градоначалникот на Кале, Наташа Бушар изјави викендов дека граничните односи меѓу Британија и земјите од ЕУ треба да бидат разгледани.
Станува збор за договор склучен во 2003 година што дава овластувања на Велика Британија да ги проверува бегалците од француската страна на Ламанш и да не ги пушта ниту во тунелот под теснецот, ниту на фериботите.
Благодарение на овој документ илјадници бегалци, се наоѓаат денес во камповите во Нор-Па де Кале. Според официјалните податоци во Британија сакаат да влезат 4000 бегалци, а нивниот број можеби е и двојно поголем.
Штом изразуваат желба да си ги решаваат проблемите самостојно, жителите на Велика Британија треба сами да одговараат и за протокот на мигранти, насочени кон нив, сметаат Французите. Идејата полека наидува на поголема поддршка.
