БРЕГЗИТ, КОРОНАВИРУСОТ, СЕКС СКАНДАЛИ И ЗАБРАНЕТИ ЗАБАВИ: Кои афери ставија крај на Борис Џонсон
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе поднесе
оставка како лидер на конзервативците, но ќе остане на чело на владата до
есента кога ториевците треба да изберат нов премиер.
Доаѓањето на Борис Џонсон на власт уследи по неговата драматична оставка како министер за надворешни работи во време кога премиерска фотелја на Тереза Меј се „тресеше“. Џонсон се соочува со сопствен крај на сличен начин, по поплавата од оставки од неговите министри во изминатите два дена.
Дејли Мејл хронолошки за искачувањето на Џонсон на врвот, успехот, контроверзноста и драматичното паѓање во немилост.
Во јули 2018 година, Борис Џонсон поднесе оставка како министер за надворешни работи, нанесувајќи и сериозен удар на премиерката Тереза Меј, која мораше очајно да се бори за да ја задржи својата функција.
Џонсон поднесе оставка поради „третиот пат“ Брегзит на премиерката Меј пред таа да го крене парламентот на нозе информирајќи ги пратениците за компромисниот пакет што таа го наметнуваше низ владата.
Меј потоа загуби на предвремените општи избори во декември 2018 година, а конзервативците потоа одржаа гласање за доверба, кое таа го преживеа, но не успеа да го протурка својот план за Брегзит низ парламентот, поради што таа поднесе оставка од партијата.
На 23 јули 2019 година, Џонсон освои 66% од гласовите на изборите за лидер на ториевците, победувајќи го ривалот Џереми Хант.
Следниот ден Тереза Меј поднесе оставка како премиер, а Џонсон ја прифати поканата на кралицата да формира влада.
Во неговите први денови на функцијата, тој суспендираше неколку високи ториевци кои се спротивставија на Брегзит - вклучувајќи го и поранешниот канцелар.
Политичките анлитичари оценуваат дека неговата премиерска кариера завршува многу неславно по низата секс афери и забавите кои ги правеше во време на најстрогите антиковид мерки.
