Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брегзит е најголемиот тест за Ангела Меркел

Брегзит е најголемиот тест за Ангела Меркел

Од справувањето со оваа криза ќе зависи политичкото наследство на канцеларката, Ангела Меркел.

Длабоко во себе Ангела Меркел уште се надева дека Британија ќе остане во Европската унија, иако знае колку е тешко (или речиси невозможно),  пишува „Вашингтон пост". Во рацете на Меркел е иднината и соработката меѓу Лондон и Брисел.

Меркел, во улога на лидер на обединета Европа, понесе многу критики за своите постапки во однос на бегалската криза и проблемите во еврозоната. Ситуацијата со Брегзит сепак е нешто сосема друго,  тоа влијае секоја земја-членка и секоја која има желба да влезе во унијата во иднина.

Визијата за просперитетна Европа, која беше инспирација за цели генерации, е ставена на коцка.

Меркел е единствениот лидер способен да ја води унијата во преговорите со Велика Британија за напуштање и да ја зачува заедницата од евроскептицизмот.

Предизвикот е огромен, а Железната леди на Европа треба да се справи сама. Таа не бара реваншизам, а камоли брзо одвојување на Лондон од европското семејство.

Слично

Поврзани вести