Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бред Пит ги почести мештаните на едно село со милион фунти

Бред Пит ги почести мештаните на едно село со милион фунти
Бред  Пит  моментално работи на новиот филм „Fury‘‘ кој се снима во малото и мирно село во Оксфордшир. Снимањето на филмот на таа локација трае седум недели, и во текот на снимањето , мештаните секојдневно слушале топовски истрели и други воени звуци  наменети за потребите на филмот. Еднаш, заради силната експлозија  се стресле стаклата на  куќите, па филмската екипа  морала  да им се извинува на  мештаните. Заради тоа, Бред Пит одлучил  им се оддолжи на жителите на селото Shirburn  и тоа, ни помалку, ни повеќе туку со милион фунти. Со парите им пратил и порака на која се заблагодарува. Продуцентите истакнаа дека филмската екипа била воодушевена од гостопримството на селото со вкупни 103 жители.Членовите на екипата во текот на снимањето ги посетуваа тамошните ресторани и пабови и купува во нивните продавници. Жителите на ова село не се противеа бидејки имаа чувство дека учестваат во создавањето на филмот. Покрај Бред Пит во филмот , улоги во филмот  имаат и  Шиа Ле Боуф, Логан Лерман и Мајкл Пека.
Слично

Поврзани вести