Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бразилските власти ја намалија прогнозата за економскиот раст на 2,5% од БДП

Бразилските власти ја намалија прогнозата за економскиот раст на 2,5% од БДП
Наглиот раст на цените на стоката за широка потрошувачка негативно влијаеше на довербата на потрошувачите во Бразил, поради што дополнително слабее веќе кревкиот економски раст на земјата. Бразилската влада, ја намали прогнозата за економскиот раст за 2013 година на 2,5% од БДП, и на 4% за 2014 година, додека првичните очекувања беа 3% односно 4,5%, пренесува Ројтерс. Бразилскиот министер за финансии, Гвидо Мантега, најави нови проекти во врска со телевизискиот ланец „Globo Television Network“, набрзо откако бразилската централна банка соопшти дека со цел да ја поддржи економијата планира на девизниот пазар да внесе 60 милијарди долари (45 милијарди евра) до крајот на годината. Според официјалните податоци, стапката на невработеност во Бразил, во јули, за прв пат се намалила од почетокот на годината, враќајки се на нивото од 5,6 проценти од работно способното население.    
Слично

Поврзани вести