Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бразилскиот претседател го навреди Макрон, но и неговата сопруга

Бразилскиот претседател го навреди Макрон, но и неговата сопруга

Откако францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше колегата од Бразил, Жаир Болсонаро за пожарите во Амазонија, настанала вистинска вербална војна во која се вклучиле и синот на бразилскиот претседател, министри во владата, па и самиот Болсонаро, и тоа навредувајќи го Макрон, но и неговата сопруга Брижит.

Болсонаро на Фејсбук објавил навредлив коментар на сметка на сопругата на Макрон, Брижит, смеејќи се за нејзините години. Поради тоа во медиумите и на социјалните мрежи го нарекле сексист, пренесува бразилскиот портал “O Globo Mundo”.

Еден од фановите на Болсонаро на Фејсбук во саботата објавил фотографија од двајцата лидери со сопругите, Макрон со 66-годишната Брижит и Болсонаро чија сопруга Мишел има 37 години и помлада е од него 27 години. Покрај фотографијата напишал и коментар: „Дали разбирате зошто Макрон го прогонува Болсонаро?”

Во одговорот Болсонаро напишал: „Не го понижувајте човекот. Хахахаха”. Одговорот на Болсонаро се раширил на интернет и во француските медиуми, кои остро го критикувале неговиот став, а дошол одговор и од самиот Макрон. Тој го обвинил Болсонаро дека наместо да го одржи закажаниот состанок со францускиот министер за надворешни работи, отишол на фризер, и повторил дека Болсонаро лажел.

 вчера бразилскиот министер за образование на Твитер објавил навредлив твит на сметка на Емануел Макрон.

„Макрон не е на ниво за дебата за Амазонија. Тој е само опортунитистички кретен кој сака поддршка од француското земјоделско лоби”, навел министерот Абрахан Вајнтрауб, веројатно мислејќи на ставот на Макрон за трговскиот договор меѓу ЕУ и јужноамериканскиот трговски блок Маркосур.

Синот на Болсонаро, Едуардо, сојузен пратеник и можен нов амбасадор на Бразил во САД, во петокот споделил снимка од насилните демонстрации на француските „Жолти елеци“ со пораката „Макрон е идиот“.

Слично

Поврзани вести