Бразилската полиција пред Светското првенство во голема операција против мафијата
Полицијата нво Рио де Жанеиро денеска започна масовна операција за заземање на квартовите фавела, за кои се смета дека се под контрола на бразилската мафија и се средиште на трговијата со дрога. Акцијата за т.н. „пацификација“ е во пресрет на Светското фудбалско првенство во Бразил, кое почнува за 74 дена.
Фавела комплексот Маре се наоѓа на стратешко место во градот, низ кое ќе поминуваат илјадници фудбалски навивачи, па полицијата сака да им овозможи да се чувствуваат безбедно. Затоа полициската единица за специјални интервенции со 15 оклопни возила утрово влегла во тој комплекс составен од 16 фавели со 130.000 жители.
Во акцијата учествувале речиси 1.200 полицајци, а биле вклучени и четири авиони со цел полицијата да ја зеземе густо населената населба и да ги избрка од таму трговците со дрога.
http://www.youtube.com/watch?v=BqO3qCgyFJ0
Слично
