Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бразилската економија скокна за 1,5 проценти во вториот квартал

Бразилската економија скокна за 1,5 проценти во вториот квартал
Бразилската економија во вториот квартал пораснала за 1,5 проценти во споредба со првиот квартал, што е најбрзиот раст во последните три години, покажуваат податоците на Државниот статистички завод ИБГЕ. Најголем раст е остварен во секторот за земјоделство, 3,9 проценти и во секторот за индустрија 2,0 проценти. „Намалувањето на инфлацијата и континуираниот раст започнуваат да ги растеруваат темните облаци кои се над нашата економија“ - коментираше министерот за финансии на Бразил, Гвидо Мантега. Министерот за финансии очекува дека наредната година растот ќе се искачи на четири проценти. Стапката на бразилскиот економски раст во 2012 година изнесуваше 0,9 проценти. За оваа година владата предвиде раст од 2,5 проценти. Во меѓувреме, Централната банка вложува напори да ја поттикне инфлацијата која во јули достигна 6,27 проценти на годишно ниво, што е блиску до целната граница од 6,5 проценти.  
Слично

Поврзани вести