Бразилците бесни на човекот кој не се појави на погребот на Пеле
Бразилците се бесни на фудбалска ѕвезда Нејмар затоа што не се појави на погребот на најдобриот фудбалер на сите времиња, Пеле. Тој ја разочара јавноста. Наместо Нејмар, на погребот се појави неговиот татко.
„Нејмар многу лесно можеше да го убеди ПСЖ за да го пушти да дојде на погребот. Тој неколкупати барал дозвола за разни забави и ја добивал, зашто не побарал таква дозвола која сигурно ќе ја добиел за погреб на најголемиот во историјата Пеле? Нејмар како најголема ѕвезда на Бразил имаше обврска да дојде на погребот на Пеле и да се прости од него. Тоа беше многу важно за бразилскиот фудбал“, објавија низа бразилски медиуми.
Пеле почина на 82 години од рак на дебелото црево. Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино позираше и направи селфи со пријателите покрај отворениот ковчег на бразилската легенда Пеле. И ова многу ги налути Бразилците.
На денот на погребот на Пеле, имаше инцидент при што се степаа две групи навивачи.
