Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бразил: Во Сао Паоло 36 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето, десетици се водат како исчезнати (Видео)

Бразил: Во Сао Паоло 36 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето, десетици се водат како исчезнати (Видео)

Властите на бразилската држава Сао Паоло соопштија дека најмалку 36 лица загинале во поплави и одрони, а десетици се водат како исчезнати, додека многу патишта и куќи се урнати, јави денеска Би-би-си.

Државната влада извести за најмалку 35 смртни случаи во Сао Себастијан и еден во Убатуба, додека стотици луѓе беа евакуирани.

Официјални лица соопштија дека 228 луѓе останале без покрив над главата, а 338 биле евакуирани од крајбрежните региони северно од Сао Паоло.

Вонредна состојба од 180 дена е прогласена во шест градови во земјата: Сао Себастијан, Карагуататуба, Иљабела, Убатуба, Гуаруха и Бертиога.

Најголемото пристаниште во Латинска Америка во Сантос е затворено, бидејќи брзината на ветрот надмина 55 километри на час, а брановите поголеми од еден метар, објавија локалните медиуми.


Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека денеска ќе ги посети погодените области. Да Силва преку Твитер испрати сочувство до семејствата на загинатите и вети дека ќе испрати медицински и спасувачки тимови.

На видеата се гледаат населби под вода, поплавени автопати и уништени домови. Спасувачките тимови бараат преживеани и работат на деблокирање на патиштата.

Повеќе од 600 милиметри дожд наврнаа во некои области во неделата, двојно повеќе од очекуваното за цел месец. Екипите за пребарување и спасување не можат да стигнат до неколку места, ситуацијата е хаотична, изјави градоначалникот на Сао Себастијан, Фелипе Аугусто.

Тој рече дека во градот се исчезнати десетици луѓе, а околу 50 куќи се урнати. Во областа се очекуваат пообилни врнежи од дожд, кои се закануваат да ги влошат условите за екипите за итни случаи.


Поплавите принудија некои градови да ги откажат своите годишни карневали. Карневалските настани се откажани низ северниот брег, кој е популарна дестинација за богатите туристи кои сакаат да ги избегнат големите улични веселби во големите градови. Повеќе од 230 лица загинаа минатата година во поплавите во градот Петрополис на југоистокот на Бразил.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести