Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРАЗИЛ УРИВА РЕКОРДИ: Имаат над 2 милиони дијагностицирани со коронавирусот

БРАЗИЛ УРИВА РЕКОРДИ: Имаат над 2 милиони дијагностицирани со коронавирусот

Бразил урива рекорди со бројот на заразени од коронавирусот. 

Пред помалку од еден месец, Бразил имаше еден милион случаи а нема никакви знаци дека степенот на ширењето на заразата се намалува.

Најнаселената држава во Јужна Америка со 210 милиони жители, е втората најтешко зафатена држава од пандемијата, веднаш зад САД.

Официјално, над 74.000 луѓе досега починаа од вирусот иако вистинските бројки се веројатно уште повисоки.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е позитивен на коронавирусот. 

САД и Индија имаат многу висок број на заразени. 

САД има над 3.6 милиони заразени, а Индија повеќе од 1 милион. 

Во светот има 13.9 милиони заразени од Ковид -19. 

Слично

Поврзани вести