Бразил се соочува со најголемиот геноцид, вели Лула да Силва за коронавирусот
Поранешниот бразилски претседател Лула да Силва вели дека 300.000 мртви од коронавирусот во Бразил е најголем геноцид. Вели дека претседателот Жаир Болсонаро го лаже бразилскиот народ за пандемијата.
Бразил деновиве го урна овој „црн рекорд“. Лула го повика Болсонара да им се извини на роднините на жртвите.
„Во вторникот, 3.158 луѓе починаа од Ковид-19 во Бразил. Ова е најголемиот геноцид во нашата историја, изјави Лула за германски „Шпигел“.
Повеќе од 12 милиони луѓе се заразени со коронавирусот во Бразил. Лула (75) раководеше со Бразил за време на економскиот бум од 2003 до 2010 година пред да биде осуден на 26 години затвор за корупција во 2017 година. Казната е поништена претходно овој месец. Бразил е втора земја во светот по бројот на заразени со коронавирусот, веднаш зад САД. Во оваа земја се појави бразилската мутација.
