Бразил продаде два од своите најголеми аеродроми
Бразилската влада продаде две од најпрометните аеродроми за 9,1 милијарди долари , како дел од програмата на претседателот Дилма Русеф за модернизација на инфраструктурата на вториот по големина растечки пазар во светот.
Конзорциумот Aeroportos do Futuro предводен од Odebrecht SA , даде 8,3 милијарди реали и доби право да управува со аеродромот Galeao во Рио де Жанеиро . Токму таму ќе пристигнат туристите за време на Светското првенство во фудбал во 2014 година, но и за време на Олимписките игри во 2016 година.
Aerobrasil group пак го доби правото да работи со аеродромот Confins во Бело Оризонте во наредните 30 години , а договорот е вреден 1,82 милијарди реали.
Оваа аукција е дел од програмата која Русеф ја објави минатата година.Целта е да привлече 212 милијарди реали во инвестиции за патишта, железници , пристаништа и аеродроми.
Идејата е да се олеснат сегашните инфраструктурни тешкотии и да се стимулира експанзија на најголемата економија во Латинска Америка .
Слично
