Бразил погоден од страшни поплави - 46 мртви, десетици исчезнати
Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите и лизгањето на земјиштето раселија околу 3.600 луѓе, а 21 лице сè уште се водат како исчезнати. Градовите Хуиз де Фора и Уба, оддалечени околу 110 километри (68 милји), беа најтешко погодени, објави Ројтерс.
Трогателни сцени од погреб
Во Хуиз де Фора во среда беше погребан 11-годишниот Бернардо Лопес Дутра, една од жртвите на поплавите. Неговиот татко, Рикардо Дутра, доби сочувство од роднини и пријатели, додека неговата сопруга и ќерка беа хоспитализирани. „Се обидувам да се соберам“, рече тој.
Massive flooding in Juiz de Fora, Minas Gerais, Brazil (25.02.2026) pic.twitter.com/lPHZAHDtKh
— Disaster News (@Top_Disaster) February 26, 2026
Чувство на беспомошност
Дождовите се намалија во вторник вечерта, дозволувајќи им на властите и волонтерите да ги интензивираат напорите за помош на жителите кои останаа без домови и најблиски. Градоначалничката на Хуиз де Форе, Маргарида Саломао, ги повика луѓето што живеат во области со висок ризик да се евакуираат и да побараат помош во засолништата што ги обезбедува градската администрација. Во градот сè уште е на сила состојба на природна катастрофа.
Федералната влада на Бразил го забрза испраќањето помош и хуманитарни материјали во погодениот регион, вклучувајќи здравствени работници и експерти за национална одбрана.
Unbelievable scenes from Brazil! Last night, a violent storm in Minas Gerais turned streets into rivers, destroying homes. The flooding was so powerful that even coffins were seen floating through the water. pic.twitter.com/1ocy0Q7iHV
— Md.Sakib Ali (@iamsakibali1) February 26, 2026
„Без разлика колку се трудите, во еден момент се чувствувате беспомошни. Сведочите на таква ситуација - луѓе заробени под урнатините - и не можете да направите ништо повеќе, вашиот придонес е ограничен“, рече Налван Луиз, пријател на момчето жртва, на погребот.
Рекордни врнежи од дожд
Голем дел од Бразил моментално е на врвот на дождовната сезона, која трае од декември до март и носи чести и интензивни поројни дождови, бури, поплави и лизгање на земјиштето. Градските власти на Хуиз де Форе објавија дека ова бил највлажниот февруари во историјата на градот, со врнежи од дожд веќе повеќе од двојно од месечниот просек.
Фото: Принтскрин/Икс