Бразил надмина 200 милиони жители
Најголемата земја во Латинска Америка, Бразил, го надмина симболичниот праг од 200 милиони жители, односно тој изнесува 201.032.714 лица, објави бразилскиот Институт за географија и статистика.
Најнаселена е државата Сао Паоло со 43,6 милиони жители, а по неа следат државите Минас Жераис и Рио де Женеиро со 20,5 милиони, односно 16,3 милиони луѓе.
Прогнозите на Институтот покажуваат дека Бразил ќе го достигне својот демографски бум во 2024 година, кога бројот на населението ќе изнесува 228,4 милиони жители.
Слично
