Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бразил ќе потроши 3.5 милијарди долари за стадионите за Светското фудбалско првенство

Бразил ќе потроши 3.5 милијарди долари за стадионите за Светското фудбалско првенство
Трошоците за подготовка на 12 -те стадиони за Светското фудбалско првенство во Бразил следната година се зголемиле за речиси 1 милијарда реали ( 435 милиони долари ) , објави Владата на земјата. Од ФИФА инсистираат целата работа на објектите да биде финализирана до следниот месец , но овој период е малку веројатно да биде испочитуван во некои градови. Стадионите , дел од кои се нови , а други реконструирани , веќе ќе чинат вкупно 8 милијарди реали ( 3.47 милијарди долари), според официјалните податоци на Владата. Во декември, кога беа објавени претходните проценки , вкупната вредност на стадионите беше пресметана на 7.03 милијарди реали ( 3.05 милијарди долари ) . Во 2010 година сумата изнесуваше 5.3 милијарди реали ( 2.29 милијарди долари ) , според новинарскиот сајт Terra . Трошоците за организацијата на Светското првенство , поттикнаа протести во Бразил за време на првенството за Купот на Конфедерации претходно оваа година , што беше своевиден тест за настанот во 2014 година Демонстрантите го споредија ниското ниво на услугите во здравството и образованието со трошоците за нови стадиони за првенството . Вкупниот буџет за спортскиот настан е зголемен малку до 25.8 милијарди реали ( 11,2 милијарди долари ) . Најскапиот стадион се наоѓа во главниот град Бразил, Ештадио Насионал со капацитет од 71 000 места. Трошоците за него се 1.4 милијарди реали ( 607 милиони долари ) . Изградбата се финансира целосно со државни пари , а нејзината иден употреба останува нејасна , бидејќи во градот нема ниту еден голем фудбалски клуб. Откако стадионот беше отворен , неколку клуба , меѓу кои и со седиште во Рио де Жанеиро - Фламенго , ги играат дел од натпреварите таму за да привлечат повеќе публика .
Слично

Поврзани вести