Бразил ја губи војната со комарците кои го шират вирусот Зика
Претседателот на Бразил Дилма Русеф изјави дека земјата губи во војната против комарците кои го пренесуваат опасниот вирус зика.
"Губиме. Засега овие комарци можат да се размножуваат. Ние ја губиме војната со нив. За да ги заштитиме децата и бремените жени треба да не ја дозволиме појавата на нови комарци. Нема да ја победиме битката, ако седиме со скрстени раце. Треба да покажеме на што е способен бразилскиот народ ", изјавила Русеф.
Таа го повика населението на земјата да учествува во борбата - да ги покрива сите резервоари со вода за пиење, кои придонесуваат за ширењето на комарците. Според неа, владата треба да му дава на населението пример, спроведувајќи инспекции по целата земја.
Во меѓувреме стана јасно дека здравствените власти во Еквадор откриле 22 лица заразени со вирусот Зика, а во соседен Перу беше регистриран првиот случај на зараза, што ги зголемува стравувањата поврзани со ширењето на овој вирус кој се пренесува од комарци , пишува The Wall Street Journal.
Според зборовите на Еквадор министерот за здравство Маргарита Гевара, во земјата потврдило 22 случаи на заразување со вирусот, а за 67 лица се сомнева дека се носители на Зика.
Од потврдените 22 случаи, 9 лица се заразени со престој во странство. Потврдените случаи се регистрирани во 6 области, вклучувајќи ја и популарната туристичка дестинација островите Галапагос.
Се што ве интересира со вирусот Зика детално може да прочитате во нашата сторија :
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/01/30/shto-e-zika-virusot-najchesto-postavuvani-prashana/" target="blank" ]ШТО Е „ЗИКА” ВИРУСОТ: најчесто поставувани прашања![/button]
