Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРАЗИЛ Е ПРЕД КОЛАПС: Ако не го контролираат бројот на заразени, светот ќе биде во опасност

БРАЗИЛ Е ПРЕД КОЛАПС: Ако не го контролираат бројот на заразени, светот ќе биде во опасност

Ако Бразил не го исконтролира растот на новозаразени цел свет ќе биде во опасност. 

Предупредувањето од научниците укажува дека неконтролираниот раст на бројот новозаразени во Бразил може да ја загрози борбата против пандемијата во светот. Позаразниот П1 сој, отпорен на вакцините, стана доминантен во оваа држава и нема знаци дека ширењето на заразата може да се успори. 

„Таа информација е атомска бомба. Изненаден сум од количината најдени варијанти на вирусот. Јавноста не сфаќа што значи тоа. Сите тие соеви се позаразни и ја забрзуваат епидемијата. Тоа е катастрофа“, вели д-р Роберто Краенкел, биолошки математичар од центарот за Ковид-19 во Бразил, пренесуваат светските медиуми. 

Во Бразил болничкиот систем е пред колапс, а земјата е далеку од масовна имунизација. Бразил е трета земја во светот по бројот на заразени со коронавирусот, а досега починаа над 260.000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести