Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРАЗИЛ БАРА ОДЛАГАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО СО БРИКС - не сакаат да се совпадне со самитот на Г20

БРАЗИЛ БАРА ОДЛАГАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО СО БРИКС - не сакаат да се совпадне со самитот на Г20

Бразилскиот министер за финансии Фернандо Хадад денеска изјави дека неговата земја побарала од партнерите на БРИКС, меѓу кои се Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, да ја почитуваат одлуката на Бразил да го премести претседателството со економската групација од 2024 во 2025 година.

- Да го одложиме нашето претседавање со БРИКС за да не се совпадне со самитот на Г20 - изјави Хадад на новинарите на маргините на Светскиот економски форум во Давос, пренесе ТАСС.

Бразилскиот министер рече дека целта на оваа одлука е „во двата случаи работата да се заврши квалитетно“.

Еден ден претходно, за време на својот говор на Светскиот економски форум во Давос, министерот за финансии на Бразил рече дека должностите на Бразил како претседавач на големите меѓународни групи како што се Г20, БРИКС и МЕРКОСУР - Јужниот заеднички пазар, повлекуваат голема одговорност за неговата земја.

Фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Слично

Поврзани вести