Братушек: Вработување и економски раст на Словенија
Новиот словенечки премиер Аленка Братушек, вети заживување на економијата, спас на банките во земјата и избегнување на меѓународен спасувачки план.
Словенечкиот парламент синоќа ја изгласа со 52 гласа „за“ новата левоцентристичка влада на Аленка Братушек, во која ќе има 13 министерства.
Братушел е првата жена премиер на Словенија. Во својата програма таа се залага за обезбедување на финансиска и политичка стабилност на земјата, зголемување на конкурентноста и обезбедување работни места за младите.
- Очекувам консолидација на државните финансии, што нема да дозволи пад на економскиот раст, изјави Бартушек, алудирајќи на отстапување од непопуларниот курс на штедење на Јанша.
Бартушек нагласи дека владата ќе се фокусира на решавање на проблемите на локалните банки, чии лоши кредити достигнуваат 7 милијарди евра или околу 20 проценти од бруто домашниот производ.
