Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРАТОТ НА УБИЕНАТА ШАНИ ЛУК: Никогаш не помислив дека ќе ја видам сестра ми во таква брутална ситуација

БРАТОТ НА УБИЕНАТА ШАНИ ЛУК: Никогаш не помислив дека ќе ја видам сестра ми во таква брутална ситуација

Очајни се семејствата на луѓето кои се убиени во Израел или Хамас ги држи како заложници во Газа. 

„Никогаш не помислив дека ќе бидам во контакт со вакво видео, дека ќе ја видам сестра ми во таква брутална ситуација“, вели Амит, братот на Шани Лук, 23-годишната Германка која терористите на Хамас ја убија. 

Тие се надеваа дека Шани можеби е жива, но оваа недела дознаа дека на местото каде се одржуваше фестивалот во Израел е пронајден фрагмент од черепот на Шани.

Сепак, Амит вели дека му олеснало бидејќи, за разлика од другите семејства во Израел, знае каде е неговата сестра.

„Таа ја сакаше музиката. Сакаше тетоважи. Таа беше уметничка душа по природа. Начинот на кој зборуваше и начинот на кој се движеше. Начинот на кој танцуваше”, се сеќава Амит.

Вели дека девојката немала темна страна и ја опиша како вистински ангел. 

Групата Хамас планира жестоко да одговори на израелската армија, а странските заложници кажаа дека ќе ги пуштат. 

Слично

Поврзани вести