Братот на првата дама на Австрија ги застапува терористите
Братот на сопругата на претседателот на Австрија, Маргот Фишер, адвокатот Ленарт Биндер, правно ќе ги застапува осомничените за тероризам, што предизвика бурна реакција во земјата.
Бундер, според пишувањето на виенскиот дневник „Естерајх“, најпрво го застапуваше Могамед М. кој по одлежаната казна во Австрија заминал во Сирија каде им се придружил на терористите од Исламската држава. Тој, исто така, по нападот на францускиот „Шарли Ебдо“, повика на слични акции во Австрија.
Сега Бундер прифатил да го застапува, според оценките на обвинителството, главниот идеолог на радикалните исламисти во Австрија, кој проповедник на омразата на Мирсад Омерович, со потекло од Тутин.
Омерович, кон крајот на минатата година, беше уапсен во акција на полицијата против џихадистите кои регрутираа луѓе од Австрија за редовите на Исламската држава и собирање на средства за оваа терористичка организација.
Биндер се обидува Омерович да го извади од истражниот притвор, во кој моментално се наоѓа и воедно тужи бројни австриски медиуми.
Тој и понатаму застапува и еден Чеченец кој се обидел од Австрија да се приклучи на Исламската држава во Сирија, но пред тоа беше уапсен.
Ракцијата на водечките политичари во Австрија, според „Естерајх“, оди од збунетост до запрепастеност. Според весникот оценката е дека иако претседателот на Австрија, Хајнц Фишер, не може да одговара за делувањето на братот на својата сопруга, не одговара овој адвокат правно да ги застапува ваквите клиенти.
Слично
