Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бран штрајкови ја зафати Англија: Штрајкот на лекарите се заканува да одложи четвртина милион медицински прегледи

Бран штрајкови ја зафати Англија: Штрајкот на лекарите се заканува да одложи четвртина милион медицински прегледи

Помладите лекари во Велика Британија денеска започнаа четиридневен штрајк со барање за повисоки плати.

Како што пренесува Хина, штрајкот најверојатно ќе предизвика големи нарушувања во здравствениот систем, поради што владата предупреди на ризици за безбедноста на пациентите.

Повеќе од десетици илјади помлади лекари, кои сочинуваат речиси половина од медицинската работна сила, штрајкуваа.

Синдикатот на лекарите, Британската медицинска асоцијација (БМА), бара зголемување на платите за 35 отсто.

Од БМА тврдат дека платите на членовите на тоа здружение се намалени за 26 отсто поради инфлацијата во период од 15 години.

Штрајкот на помладите лекари уследи по минатомесечниот тридневен прекин на работата на британските лекари.

Директорот на јавното здравство во Англија, Стивен Паввис, оцени дека овојпат ќе има „значително повеќе“ откажувања на операции и интервенции отколку за време на последниот штрајк.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести