Браќата Кличко му подарија 270.000 долари на баталјон што ја брани источна Украина
Браќата Кличко, Виталиј и Владимир, одлучија да го спонзорираат 12-от баталјон за територијална одбрана „Киев“ и му подарија 270.650 долари.
Како што тврди новиот градоначалник на Киев Виталиј Кличко, тој и неговиот брат - боксерски шампион, се одлучиле на овој потег затоа што баталјонот без неопходна опрема бил испратен во борби на истокот на Украина.
Само во последните 24 часа во борбите во Украина загинаа 5, а повредени се 17 украински војници, соопштија властите во Киев.
Слично
