БРАЌА ТИНЕЈЏЕРИ ОБВИНЕТИ ЗА УБИСТВАТА ВО АЛАБАМА - Ќе им се суди како на полнолетни
Двајца тинејџери се обвинети за убиствата по пукањето на забавата по повод 16-ти роденден во Алабама во која загинаа четворица, а 32 беа повредени во текот на викендот.
Браќата Тај Реик Мекалоу (17) и Тревис Мекалоу (16) се уапсени во вторникот вечерта, соопшти полицијата.
Властите соопштија дека осомничените се обвинети по четири точки за непромислено убиство и дека се очекуваат повеќе обвиненија.
Обвинителот рече дека осомничените ќе бидат обвинети како полнолетни.
Официјалните лица им рекоа на новинарите дека ова се почетните фази на истрагата за пукањето во саботата во Дејдвил и понудија многу малку детали. Не беа дадени информации за мотивот или видот на употребеното огнено оружје.
Полицијата соопшти дека меѓу 32-та повредени, четворица се уште се во болница, а четворица се во критична состојба.
„Ќе се погрижиме сите од тие жртви да имаат правда, а не само починатите“, рече наредникот Џереми Буркет од Агенцијата за спроведување на законот во Алабама (ALEA).
Агенцијата додаде: „Овие лица се обвинети откако беше спроведена сложена и темелна истрага со помош од мноштво агенции за спроведување на законот“.
Окружниот обвинител Мајк Сегрест рече: „Знам дека постоеше одредена фрустрација меѓу нашата заедница и меѓу медиумите поради недостигот на информации што беа обезбедени до овој момент“.
Two kids. As if this wasn't tragic enough. BBC News - Teenagers charged with murder over shooting in Dadeville, Alabamahttps://t.co/IX9a5vwqFS
Починатите жртви се идентификувани како Марсија Колинс (19), Фил Даудел, 18, Корбин Холстон, 23 и Шаункивија Смит, 17.
Даудел почина обидувајќи се да ја спаси својата сестра Алексис, соопшти неговото семејство. Тој беше ѕвезда спортист во американскиот фудбалски тим на неговото средно училиште и требаше да дипломира за да оди на Државниот универзитет во Џексонвил на спортска стипендија.
Еден од неговите пријатели и училишен фудбалски соиграч за Би-Би-Си изјави: „Фил за мене беше неверојатен пријател. Бог има ангел“.
На забавата, која се одржа во локално студио за танц, имаше околу 50 луѓе.
Дејдвил, град со околу 3.000 жители, е на околу 60 милји (100 километри) североисточно од главниот град на државата Монтгомери.
Официјални лица рекоа дека двајцата осомничени се од Тускеги, Алабама, што е на околу 40 минути возење од Дејвил.
Наредникот Буркет ги повика оние што беа на забавата во студиото за танц да контактираат со властите ако веќе не го сториле тоа.
„Ни треба да излезете за овие семејства, за овие жртви“, рече тој.
Нападот викендов ги одведе САД до мрачна пресвртница од повеќе од 160 масовни престрелки оваа година, според Архивата за огнено насилство, која ги дефинира таквите настани како настани во кои се застрелани четири или повеќе луѓе.
Фото: Принтскрин/Твитер
