Браќа од Ирска му се закануваат на PayPal дека ќе го симнат од тронот
Браќата Колисон од едно ирско гратче, Патрик (25) и Џон (23), би можеле наскоро да станат едни од најмладите супербогаташи. Имено, нивната фирма Страјп се покаша како „добар деловен залак“, а нејзината вредност во моментов, е проценета на 1,75 милијарди долари. И уште ќе расте...
Својата компанија, двајцата браќа, ја основале во 2010 година во Силиконската долина, а нејзината работа е поврзана со услуги во финансиските трансакции по пат на интернет. По само три години, благодарение на Страјп, Патрик и џон се најдоа на листата најбогати Ирци во Тајмс.
Нивниот деловен пат започнал уште пред шест години кога браќата заработиле три милиони евра од продажба на интернет компанијата Ауктоматик, која ја покренале од нула.
Вредноста на нивната млада компанија вртоглаво пораснала откако од инвеститорите биле собрани 80 милиони долари. Страјп ветува многу, тврди Патрик, особено кога ќе се земе предвид фактот дека преку нивната компанија лани биле извршени деловни трансакции вредни повеќе од милијарда долари. Нивните услуги ги користеле сите, и мали компании, но и големи корпорации.
Сериозно го загрозиле Пејпал
Поради брзиот раст, во Силиконската долина веќе наголемо се шушка како Страјп сериозно ќе го загрози водечкиот PayPal, компанија која веќе 10 години немала сериозна конкуренција. Страјп по транскација заработува 2,9 отсто плус 30 центи.
Коосновачот на Пејпал смета дека двете компании ќе имаат простор на пазарот.
„Побарувачката за услуги од овој тип во годините пред нас, вртоглаво ќе се зголемува, со оглед на тоа дека во моментов, по пат на интернет, се вршат само два посто од комерцијалните транскации“, рекол и додал дека наскоро, по пат на интернет ќе се извршуваат 20 до 40 посто од транскациите.
А.А.
Слично
