Браќата џихадисти лоцирани – држат заложници!
Напаѓачите на „Шарли Ебдо“, браќата Куаши, биле лоцирани во еден магацин во местото Дамартен де Гоел, јавуваат светските медиуми кои додаваат дека џихадистите држат заложници и дека во моментов се очекува да пристигне преговарачки тим.
Француските медиуми во меѓувреме објавуваат различни информации. „Паризиен“ јави дека две лица настрадале при размена на оган помеѓу полицијата и напаѓачите, а „Ројтерс“ јаву дека едно лице загинало. Меѓутоа официјални претставници негираа дека има мртви.
Министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, ја потврдил акцијата во местото Дамартин де Гоал, кое се наоѓа на 35 километри од Париз. Во моментов се очекува да почнат преговори со напаѓачите.
Француски „Монд“ објави дека во акцијата вклучени се и хеликоптерски екипи. Овој француски весник исто така наведува дека магацинот во кој се наоѓаат напаѓачите се наоѓа недалеку од училиште и универзитет.
Како што јавува „Би – Би - Си“, полицијата рекла дека напаѓачите се тешко вооружени. Терористите до ова место стигнале откако претходно украле автомобил Пежо 206.
На локацијата каде во моментов се напаѓачите стигнале огромен број новинарски екипи. Портпаролот на болницата рекол дека сите се подготвуваат за во случај доколку би требало итно да интервенираат, но дека до сега не добиле ниту една дојава, пренесува „Монд“.
Во текот на изминатата ноќ во Франција беа одржани бдеења, а во целиот свет беше оддадена почит на жртвите од овој напад, меѓу кои најмногу беа новинари.
Слично
