БРАЧНИОТ ПАР ЗЕЛЕНСКИ СО ФОТОСЕСИЈА ЗА ВОГ, јавноста згрозена, иако беснее војната - позираат пред уништен авион (ФОТО)
Олена Зеленска деновиве се фотографираше за специјалната насловна страница на Вог, во потег кој некои го сметаа за контроверзен.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска исто така дадоа телевизиско интервју во Киев со контроверзниот британски новинар и водител Пирс Морган. Во извадок од интервјуто планирано да се емитува во среда навечер, претседателот и неговата прва дама велат дека руската инвазија ги зближила уште повеќе.
Олена се омажи за Зеленски во 2003 година и заедно имаат две деца, деветгодишниот Кирил и 18-годишната Александра. Таа стана прва дама на Украина откако Зеленски беше избран за претседател во 2019 година.
Деновиве и Олена Зеленска беше фотографирана за специјална насловна страница на Вог, во потег кој некои го оценија како контроверзен. Некои сметаат дека оваа приказна не е вистинското време, а други сметаат дека е оправдана. Коментарите под фотографиите беа бурни. „Дали е ова шега“, „Професионално фотографирање во воена зона?“, „Таа се фотографира додека луѓето умираат!“
Таа за Vogue зборуваше и за својот семеен живот: „Ова беа најстрашните месеци во мојот живот и животот на секој Украинец. Да бидам искрена, мислам дека никој не е свесен како емотивно излеговме живи од оваа ситуација. "
Зеленски заедно со сопругата позираше за Вог. Заедно и позираа на познатата фотографка Ана Лебовиц.
„Како и секој човек, јас бев загрижен за моето семејство, за нивната безбедност“, рече Зеленски. "Не се работи за романса, едноставно никој не сака да го доведе своето семејство во опасност. Секако дека ми недостигаа. Многу сакав да ги гушнам. Мојата сопруга има силна личност и е многу посилна отколку што мислеше дека е“.
Фото: Принскрин/Инстаграм
