Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брачна двојка е убиена во Париз, ИД ја презеде одговорноста

Брачна двојка е убиена во Париз, ИД ја презеде одговорноста

Џихадистичката група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за убиството на полициски службеник и на неговата партнерка во Мазавил во Париз.

Полицијата го следела убиецот поради радикализирани ставови и учество во радикална група.

Од крвавиот напад преживеа само тригодишното дете на брачната двојка полицајци, кое е неповредено.

Првата жртва е полициски командир на 42-годишна возраст. Тој беше убиен синоќа околу 21 часот пред својот дом, во станбениот дел од Мазавил. Убиец го избодел со нож пред куќата. Набргу потоа, сите жители на квартот биле евакуирани од полицијата. Според судски извори, антитерористичкиот обвинител ја презеде истрагата поради „целта", односно убиството на полицискиот службеник и начинот на убиството и „коментарите" од страна на убиецот за време на преговорите со специјалните полициски сили за брзи интервенции.

Изутринава е предвиден состанок во Елисејската палата. Од своја страна, премиерот, Мануел Валс, ја искажа својата солидарноста на целата нација со полицијата, повикувајќи да се отфрли стравот, и на борба против тероризмот.

Слично

Поврзани вести