Економија, финансии, бизнис

Контакт

Божјо чудо среде тага и катастрофа: Жена се породи во урнатините во Сирија, хероите безбедно го извлекоа бебето (ВИДЕО)

Божјо чудо среде тага и катастрофа: Жена се породи во урнатините во Сирија, хероите безбедно го извлекоа бебето (ВИДЕО)

Трогателен момент на раѓање на нов живот под урнатините ја разнежни планетата по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, при што загинаа најмалку 5.000 луѓе.

Сиријка, заробена во урнатините откако и се урна куќата во земјотрес, родила машко дете, а нејзината судбина се‘ уште не е позната.

И покрај најнеповолните услови, лекарите од областа Џиндирес, северно од Алепо, успеале да ја породат жената и да го доведат бебето на безбедно, но судбината на мајката засега е неизвесна.

Новородено момче за чудо преживеало откако неговите браќа и сестри загинале во земјотресот. Веста за раѓањето на бебето брзо се прошири низ светот, а на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како маж го носи новороденчето подалеку од урнатините.

Бебето кое многумина го нарекуваа „чудесно“ стана симбол на надеж среде трагедијата за Турција и Сирија, но и за целиот свет. Сирискиот град Алепо, разурнат од војна, беше меѓу областите кои го поднесоа најголемиот дел од земјотресот, кој опустоши и делови од јужна Турција.


Фото и Видео: Твитер

Слично

Поврзани вести