Економија, финансии, бизнис

Контакт

БОЖИЌНО ЧУДО: Бебето кое 35 часа беше потрупано под урнатини на -17 се разбуди од кома

БОЖИЌНО ЧУДО: Бебето кое 35 часа беше потрупано под урнатини на -17 се разбуди од кома

Малиот Вања Фокин , десетмесечното бебе кое во урнатините на зградата во Магнитогорск беше потрупано 35 часа на температура под нула, се разбудил од кома.

Малиот е многу подобро, со видни олеснувања изјавила руската министерка за здравство Вероника Скворцова.


 Вања ги отворил очите и прозборел, што значи дека нема компликации после симнувањето од апарати за дишење, рекла Скворцова.

-Мајка му уште е под стрес, стравот и грижата полека се смируваат. Многу и е подобро кога гледа дека детето напредува, таа толку се радува-рекла министерката. 

Малиот Вања ја преживеа експлозиата во станбената зграда во Магнитогорск на последниот ден од 2018-та година. Бил 35 часа потрупан под урнатините на -17 степени додека спасувачите дошле до него.

Во експлозијата загинаа 37 лица, а повеќе од стотина се тешко повредени.

Слично

Поврзани вести