„Boston Globe“ го купи Џон Хенри за 70 милиони долари
Американскиот милијардер Џон Хенри сопственикот на американскиот бејзбол клуб Бостон Ред Сокс во саботата потпишал договор со медиумската компанија „New York Times“ за купување на весникот „Boston Globe“, објави на својата интернет страница весникот.
Купувањето на весникот и неговите изданија ќе го чинат Хенри 70 милиони американски долари. Покрај „Boston Globe“, њујоршката компанија има намера да ги продаде и интернет порталот на весникот, компанијата „Globe Direct“, магазинот „Worcester Telegram & Gazette“ и својот пакет акции во „Metro Boston“.
Милијардерот Џон Хенри изјави дека наредните денови ќе ги објави своите планови за иднината на весникот.
Медиумската компанија „New York Times“ го купи бостонскиот весник во 1993 година за 1,1 милијарди долари. Инаку весникот Boston Globe e основан пред 141 година, а во февруари годинава, компанијата го стави на продажба и тогаш неговата цена беше проценета меѓу 150 и 170 милиони долар.
