Економија, финансии, бизнис

Контакт

Борци на ИСИС во Шведска, ќе биде нападнат Стокхолм?

Борци на ИСИС во Шведска, ќе биде нападнат Стокхолм?

Шведските власти ја испитуваат заканата која ја објави еден медиум, дека борци на ИСИС од Ирак се инфилтрирани во земјата и можно е да извршат напади во Стокхолм.

„Интензивно работиме во сорабтока со нашите локални и меѓународни партнери, како би се увериле во вистинитоста на информацијата која ја примивме“- вели Сирпа Франзен, портпаролка на шведските служби.

Таа не изнесува детали околу овие информации и дали се работи за терористички закани.

Додава дека доста често добиваат вакви информации, кои некогаш се точни, но некогаш не.

Ирачките безбедносни служби информираат дека се инфилтрирани седум или осум борци на ИСИС во Шведска, кои треба да извршат напади во главниот град.

Слично

Поврзани вести